Визија: барем по еден производ од Handicrafts4u во секој дом.
Мисија: Самоодржливост на Центарот за креативно изразување на лицата со интелектуална попреченост, како социјално претпријатие (СОЛЕМ), преку изработка и продажба на рачно изработени дизајнирани производи за општествено свесни компании и организации, преку брендот handicrafts4u.
Стратегија: нудење уникатни производи / лимитирани колекции преку дирекна продажба.
Handicrafts4u претставува бренд создаден преку одличната соработка помеѓу професионални дизајнери на производи, графички дизајнери, применети уметници, креативни занаетчии, бизнис консултанти, асистенти и лица со интелектуална попреченост, а се со цел да се овозможи полесно вклучување на лицата со интелектуална попреченост во заедницата. Handicrafts4u го практикува концептот на социјално претпријатие. Неколкуте уникатно осмислени линии на производи (додатоци за уредување на домот и модни додатоци) се дизајнирани од тимот на MАТА, а се изработени од лица со интелектуална попреченост кои го посетуваат центарот за креативно изразување и релаксација на Здружението СОЛЕМ. Помош во реализација на производството пружаат асистентите на лицата со посебни потреби. Овој бренд е одличен пример за успешна соработка на разни креативни профили кои ги ценат и ги промовираат вештините и работата на лицата со интелектуална попреченост, со различно знаење и способности.
Handicrafts4u ги вклучи вработените на Здружение Солем и нивните членови во сите фази на планирање, дизајнирање, производство, промоција и продажба на производи. Целта е стекнување нови вештини и добиваање повеќе самодоверба на лицата со интелектуална ппреченост.
Handicrafts4u е бренд кој настана во рамките на проектот „Social entrepreneurship – means for socialization“, а со финансиска подршка на Open Society Institute – Mental Health Initiative од Будимпешта, реализиран од НВО МАТА-Скопје (Македонска Артизанска Трговска Асоцијација), а директен корисник е Здружение СОЛЕМ (Здружение за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ-Скопје).
За СОЛЕМ

СОЛЕМ е здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби кое е основано во 2008 година. СОЛЕМ е организација која заедно со возрасните лица со интелектуална попреченст работи за нивно информирање, охрабрување и оспособување, со цел остварување на нивните човекови права и поголема вклученост во заедницата. СОЛЕМ ги остварува своите цели преку креативни работилници за работни и животни вештини, работилници за самозастапување, и преку промоција на правата и потребите на лицата со интелектуална попреченост. |
За МАТА

Целта на МАТА е да го поттикне развојот на дизајнерскиот и занаетчискиот сектор во Македонија и да постигне опипливи социјални промени и придобивки за дизајнерите и ракотворците, со давање на помош во развој на производ, излез на пазар и изградба на капацитети. Артисан* – уметнички занаетчија и креативен ракотворец. |
Производители
Здружение СОЛЕМ е здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби, кое од 2011 година го води Центарот за креативно изразување и релаксација на возрасни лица со интелектуална попреченост. Целта на Здружението е преку различни програми за работа да им се даде можност на лицата со интелектуална попреченост да се стекнат со животни и работни вештини за полесно вклучување и функционирање во општеството.
Во рамките на Центарот за креативно изразување и релаксација, возрасните лица со интелектуална попреченост се стекнуваат со вештини за моделирање, кроење, шиење, рачно и уникатно печатење, користејќи различни монопринт техники, како шаблони, печати и друго. Како резултат на тоа се изработуваат уникатни, рачно направени дизајнерски производи од текстил, филц, винил.
Каде да се купи
Заинтересираните за производите на handicrafts4u, може да не контактираат по телефон, преку нашата Facebook страна или да не посетат во просториите на Здружение СОЛЕМ. Начинот на плаќање е по договор.